Руските сили се спремаат за најтешката битка во регионот Херсон, изјави украинскиот заменик-претседател Алексеј Арестович. Тој вели дека иако граѓаните се евакуираат руските сили немаат намера да си одат од градот. Голем дел од нив беа истуркани на западниот брег на реката Дњепар каде ја чекаат големата битка, јавува Ројтерс.
„Со Херсон сè е јасно. Русите се надополнуваат, ја зајакнуваат својата групација таму“, напиша Арестович во видеото на интернет доцна во вторникот.
„Тоа значи дека никој не се подготвува да се повлече. Напротив, најтешките битки ќе се случат за Херсон.
Од четирите провинции кои рускиот претседател Владимир Путин ги прогласи дека ги анектираше во септември, Херсон е веројатно стратегиски најважна. Точката го контролира единствениот копнен пат до полуостровот Крим. Реката Дњепар ја преполовува Украина и е исто важно да биде контролирана. Антоновскиот мост кој го поврзува Херсон со другата страна на реката во моментов е гранатиран и непристапен.
Јуриј Соболевски, член на соборениот проукраински регионален совет на Херсон, рече дека властите инсталирани од Русија вршат зголемен притисок врз жителите да си заминат.
„Постапките за пребарување и филтрирање се интензивираат како и претресите на автомобили и домови“, напиша тој на мрежата Телеграм.