Основните училишта во Њу Делхи од утре ќе бидат затворени, а се разгледува и ограничување на патниот сообраќај, бидејќи во главниот град на Индија и понатаму е високо нивото на загадување на воздухот, соопштија денеска властите.
„Од утре ги затвораме сите основни училишта во Њу Делхи. Ги укинуваме и училишните активности на отворено”, соопштија од надлежното Министерство на прес-конференција, додавајќи дека поради загадувањето се разгледува и ограничување на сообраќајот на патиштата.
Одлуката следува откако загрижени родители и еколози на социјалните мрежи ги повикаа властите да размислат за влијанието на загадувањето врз децата.