Главниот советник на украинскиот претседател нагласи дека Украина не сака војната да трае до зимата, бидејќи тоа ќе им даде време на руските сили да ја попречат секоја украинска контраофанзива.
Шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак, во интервју за украинскиот магазин НВ, изрази надеж дека американската помош за Украина ќе обезбеди доволно количество оружје пред зимата за да можат украинските сили да постигнат „победа“ пред тоа.
– За нас е многу важно да не влеземе во зима. По зимата, кога Русите ќе имаат повеќе време да ги задржат своите позиции, сигурно ќе биде многу потешко – рече Јермак.
Според него, „Русија се обидува да ја вовлече Украина во таков продолжен конфликт“.
Кремљ соопшти дека нема временско ограничување за конфликтот што почна на 24 февруари.