More

    Јахтата на Садам Хусеин стана научно-истражувачки центар

    spot_img

    Јахтата на соборениот ирачки лидер Садам Хусеин, која беше специјално дизајнирана во Данска, денеска беше закотвена во Басра и претворена во центар за морски истражувања, пишува Анадолија.

    Иако го добила името по Садам, сменетиот ирачки лидер всушност никогаш не стапнал на оваа јахта. Неговата изградба започна во Данска во 1980 година, а беше завршена една година подоцна.

    Приватната јахта не можеше да биде испорачана во Ирак поради осумгодишната ирачко-иранска војна, а потоа и војната во Заливот. Садам Хусеин подоцна му ја подари јахтата на тогашниот крал на Саудиска Арабија, Фахд Бин Абдулазиз Ал Сауд.

    Фасцинантната јахта, која во тоа време беше наречена „Кадисије јахта“, денес е позната како „Басра Бриз јахта“.

    Јахтата е опремена со скап мебел, се состои од 18 соби и четири ката. На јахтата долга 82 метри има дури и берберница, хемиско чистење и соба за прва помош.

    Јахтата, која Садам Хусеин не можеше да ја донесе во земјата, беше донесена во Басра дури во 2010 година. Амир Абдулџабар, тогашниот министер за транспорт, објави дека Садам јахтата ја изградил за негови посебни потреби и дека била донесена во земјата бидејќи била сопственост на државата.

    Во 2015 година, јахтата беше искористена за првото морско истражување како дел од проектот дизајниран од ирачки и германски научници.

    Денес, јахтата на Садам, која е закотвена на Шат ал-Араб, каде се спојуваат реките Тигар и Еуфрат, се користи како научно-истражувачки центар на Институтот за поморски науки на Универзитетот во Басра.

    Денес јахтата е отворена за домашни и странски туристи. Голем интерес за јахтата покажуваат и граѓаните на Персискиот залив. Жителите на Заливот често на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа кои ги направиле за време на обиколката на „Јахтата на Садам“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img