Општина Охрид согласно Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП ,,Билјанини извори”-Охрид бр. 07-785/20 донесена од страна на Советот на Општина Охрид, на седницата одржана на ден 29.10.2014 година и Одлуката за дополнување на Oдлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти бр.07-4189/41 од 30.12.2014 година, објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП ,,Билјанини извори”-Охрид .
Субвенционирањето на трошоците за користење на спортските терени на ЈП„Билјанини Извори“ – Охрид се однесува за периодот од 01.01.2023 заклучно со 31.12.2023 година.