More

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЛИЦЕ КОЕ Е ЗГРИЖЕНО ВО ЗГРИЖУВАЧКО СЕМЕЈСТВО НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД

    spot_img

    Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2023 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува:

     

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕДНАКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЛИЦЕ КОЕ Е ЗГРИЖЕНО ВО ЗГРИЖУВАЧКО СЕМЕЈСТВО НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД

     

    Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Предвидената финансиска поддршка изнесува 10.000,00 денари по згрижено дете.

     

    • Услови кои лицата треба да ги исполнуваат:

    – да се згрижени во семејство на територијата  на Општина Охрид;

     

    • Потребни документи и начин на пријавување

    – пријава за користење еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид;

    – копија од лична карта од носителот на згрижувачкото семејство;

    – трансакциска сметка од носителот на згрижувачкото семејство;

    – решение за сместување во згрижувачко семејство издадено од надлежен Центар за социјална работа;

     

    Пријавите заедно со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57 – Охрид со назнака „3а Комисија за спроведување на постапка за еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид , или лично во архивата на општина Охрид.

     

    • Рок на пријавување

     Потребните документи треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик.

    Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.

     

    ПРАВИЛНИК

    ПРИЈАВА

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img