More

    Ј.О. Штип отвори предмет по допрен глас од Охридскај, против доктор Владимир Милошев за смрта на 25-годишниот беровчанец кој почина од сепса во штипската болница

    spot_img

    Од како Охридскај во текот на вчерашниот ден објави – „Др.Владимир Милошев е лекарот кој го лечел сега починатиот малд пациент од Берово,Беким Сали сакал да го сокрие настанот“ , денес Основното јавно обвинителство Штип соопшти дека формира предмет по допрен глас со цел да ги утврди причините за смртта на 25-годишниот беровчанец кој почина од сепса во штипската болница.

    „Надлежниот јавен обвинител издаде повеќе наредби до МВР-СВР Штип и до ОВР Берово со цел да се прибави целокупната медицинска документација околу текот на лекувањето на починатото лице од сите приватни и јавни здравствени установи и ординации каде пациентот побарал лекарска помош. Исто така, полицијата е задолжена да изврши разговори со лекарите и со останатиот медицински персонал кој постапувал, како и со членови на семејството на пoчинатиот пациент“,информираат од Обвинителството.
    Оттаму додават дека јавниот обвинител денеска издаде наредба за ексхумација, обдукција и идентификација на телото на починатото лице, која ќе ја изврши Институтот за судска медицина – Скопје.

    „Обвинителството постапува со цел да ги испита наводите за евентуална лекарска грешка при третманот на сега починатото лице“,додаваат од ЈО Штип.
    Претходно денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека вонредниот инспекциски надзор во штипската болница е сè уште во тек, а дека дополнително на тоа, ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што 25-годишниот беровчанец побарал лекарска помош.

    Како што информираа оттаму, ќе се врши надзор кај матичен лекар, матичен стоматолог, итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, реанимација и интензивно лекување – Скопје.

    Охридскај повторно во служба на правдата во Македонија,а за сите оние кој даваа подржка во коментари на социјланата мрежа фејсбук за Милошев и „Мали Бујар“ ,оставаме некој друг да им суди…

    С.Д.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img