Новак Ѓоковиќ, шесткратниот шампион на Вимблдон и бранител на титулата, ќе има солидна ждрепка на најпознатиот турнир во светот.
Според проекцијата, Ѓоковиќ во четвртфиналето треба да игра со петтиот фаворит Карлос Алкараз, а во полуфиналето со подобриот од дуелот Хуркач-Руд.
Во втората половина од ждрепката во предвиденото четвртфинале, Циципас оди кај минатогодишниот финалист Беретини, додека Надал игра против Огер Алиасим.
Сите натпревари од Вимблдон можете да ги гледате ексклузивно на каналите.