Најголемиот брод за крстарење во светот „Wonder of the Seas“ кој има бруто тонажа од дури 235.857 тони, се закотви со патници во пристаништето Картагена, Шпанија.
Крузерот се врати во Картагена, на пат за Соединетите Американски Држави, по успешното патување низ Медитеранот, јавува Anadolu Agency.
Бродот се смета за најголемиот брод во светот. Капацитетот е 6.988 патници и 2.300 членови на екипажот. Бродот има 18 палуби и 2.867 кабини, највисокиот воден тобоган на море, како и зип-лајн од десет ката и огромен базен со филмско платно.
Со должина од 362 метри и ширина од речиси 66 метри, „Wonder of the Seas“ по димензии е сличен на својот сестрински брод „Symphony of the Seas“.