Германскиот канцелар Олаф Солц изјави дека продолжувањето на животниот век на трите преостанати германски нуклеарни реактори по крајот на годината „би можело да има смисла“.
Опозициските лидери и Слободните демократи, најмалата партија во коалициската влада на Шолц, се повеќе се залагаат за преиспитување на одлуката за затворање на последните реактори во Германија во декември, бидејќи расте загриженоста за последиците од намалувањето на рускиот гас.
Идејата за продолжување е незгодна за социјалдемократите на Шолц, а особено за третата партија во владата, екологистите Зелените.