More

    Шолц: Обнова на Украина мора веднаш да се направи

    spot_img

    Обновата на Украина „мора да се направи веднаш“, рече германскиот канцелар Олаф Солц на меѓународната конференција во Берлин, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше за помош за покривање на буџетскиот дефицит на земјата во наредната година.

    Отворајќи го состанокот за долгорочна поддршка за Украина, која беше нападната од Русија на 24 февруари, Шолц потврди дека станува збор за „создавање нов Маршалов план за 21 век“.
    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на конференцијата на која учествуваат политички лидери и експерти, оцени дека ситуацијата на уништување во Украина е „запрепастувачка“.

    „Светска банка ја проценува штетата на 350 милијарди евра – ова е секако повеќе отколку што може да обезбеди која било земја или организација сама“, рече Фон дер Лајен.

    Украинскиот претседател Зеленски, кој им се обрати на учесниците преку видео врска, апелираше за поддршка од меѓународната заедница кога е во прашање буџетот за 2023 година.

    „На оваа конференција треба да донесеме одлука да го поправиме буџетскиот дефицит на Украина следната година“, рече тој.

    Тој додаде дека се работи за голема сума од 38 милијарди долари.

    Тоа се платите на наставниците и лекарите, тоа се социјални, пензии“, рече Зеленски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img