More

    Шолц: Нема да сопре снабдувањето со рускиот гас

    spot_img

    Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска повторно ги отфрли повиците за бојкот на снабдувањето со руска енергија по нападот на Русија врз Украина. Шолц изјави дека санкциите воведени кон Русија веќе се одразуваат на нејзината економија и дека секој ден ќе биде сѐ подраматично.

    Тој додаде дека санкциите се дизајнирани на долг рок да бидат толерантни за оние кои ги воведуваат и затоа ставот на Германија за енергетски бојкот останува непроменет. Шолц додаде дека Германија работи на диверзификација на снабдувањето со енергија и дека, иако ќе биде потребно време, на крајот тоа ќе го има истиот ефект како и бојкотот.

    Европските земји секој ден ѝ плаќаат на Русија стотици милиони долари за увоз на фосилните горива. Украинските власти велат дека трговијата ефикасно ја финансира руската војна против нивната земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img