Германскиот канцелар Олаф Шолц во говор пред Парламентот пред првата годишнина од руската инвазија ја увери Украина дека нејзината иднина е во Европската унија.
– Украина и припаѓа на Европа, нејзината иднина е во Европската унија. И ова ветување важи – рече Шолц пред состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.
Тој изјави денеска дека е јасно речиси една година од руската инвазија на Украина дека Москва нема да успее во своите цели.
– (Претседателот Владимир) Путин нема да ги постигне своите цели, ниту на бојното поле, ниту преку диктиран мир. Тоа, барем, е сигурно по една година војна – рече Шолц во говорот пред Парламентот.