Море од луѓе стои пред Бакингемската палата по веста за смртта на кралицата Елизабета Втора, јави Би-Би-Си.
Шила Де Белаг е целосно шокирана. 77-годишната жена од Лондон вели: „Се чувствувам многу тажно бидејќи сите се тука. Не знаев додека само не го видов знамето на половина копје“, пренесува Би-Би-Си.
Опишувајќи ја кралицата со еден збор, таа вели: „Столб! Таа додава: „Таа беше прекрасна кралица и многу ќе ни недостига“.
Мајкл Хамонд, исто така, дознал за веста кога видел дека знамето е спуштено на половина копје.
23-годишникот од Саутемптон вели: „Апсолутно сум скршен. Мислам дека таа го отелотворува британскиот дух“.