Илјадници корисници ширум светот се разбудија со информацијата дека нивните профили на Фејсбук се заклучени без јасно објаснување.
Корисниците на популарната мрежа се известени дека нивната сметка на Facebook е оневозможена бидејќи не е во согласност со стандардите на заедницата и дека одлуката не може да се смени.
Еден корисник изјави за Би-Би-Си дека не било дадено никакво објаснување или предупредување пред да се затвори сметката.
Од матичната компанија Мета велат дека се уште истражуваат за што се работи.
Во твит, Енди Стоун од Мета рече: „Свесни сме дека некои корисници имаат проблеми со пристапот до нивните профили на Фејсбук и работиме да го решиме овој проблем што е можно поскоро“.
Тој не откри колку корисници биле погодени, ниту за што точно се работи.
Немам објавено или коментирано ништо долго време, така што е многу малку веројатно дека сум направил нешто што би можело да се протолкува како навредливо“, изјави за Би-Би-Си Џен Робертс, корисничка без профил.
Но, и покрај тоа што не е страствен корисник на Фејсбук, таа утрово доби вознемирувачка порака дека нејзиниот профил е заклучен.
„На тој профил останаа сите слики од моите студентски денови и семејни настани. Го изгубив пристапот до спомените на возраст од 15 и повеќе години. Тоа навистина ме растажува“, додаде таа.