Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска ја повика Ерменија да „престане да го провоцира“ Азербејџан.
„Ерменија треба да престане со своите провокации и да се фокусира на мировните преговори и соработката со Баку“, напиша Чавушоглу на Твитер.
Азербејџанските сили утрово извршија напад на пет до шест места. Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан изјави дека најмалку 49 ерменски војници загинаа во судирите на границата со Азербејџан.