Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека повеќе од 170.000 луѓе починале како последица на Ковид во последните осум недели.
Тој привлече внимание на зголемувањето на неделните смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на декември минатата година.
„Повеќе од 170.000 луѓе починаа како последица на Ковид во последните осум недели. Ова се само пријавени смртни случаи, реалните бројки се повисоки од тоа“, рече Гебрејесус.
Тој потсети дека поминаа три години откако СЗО прогласи „Меѓународна здравствена вонредна состојба“, највисок степен на тревога.
Гебрејесус рече дека Комитетот за итни случаи ќе се состане оваа недела за да разговара дали ситуацијата со вирусот останува глобална вонредна состојба.
„Нема однапред да ги слушам советите на Комитетот за вонредни состојби, но состојбата во многу земји и зголемениот број на смртни случаи поради Ковид ме загрижува. Иако сме во многу подобра ситуација од пред три години, глобалниот колективен одговор на епидемијата повторно е под притисок“, рече Гебрејесус.
Тој посочи дека многу малку луѓе, особено постарите, се соодветно вакцинирани.
Тој рече дека послабите здравствени системи имаат потешкотии да се справат со товарот на Ковид-19, како и со грипот и другите болести.
„Мојата порака е јасна, не го потценувајте овој вирус, тој не изненади и ќе продолжи да не изненадува. Вирусот ќе продолжи да убива ако не обезбедиме алатки за здравствена заштита на оние на кои им требаат и не направиме повеќе за борба против продорните дезинформации“, додаде Гебрејесус.