Шефот на онколошкиот оддел на окружната болница во Сучава, Романија, е приведен откако бил обвинет дека за само една недела примил мито од болни од рак дури 62 пати, пишува романскиот портал „Romanian Journal“.
По претресот на неговата лекарска ординација и неговиот службен автомобил, полицијата соопшти дека пронашла докази за 64 дела на поткуп, од кои 62 се случиле во текот на една недела во декември минатата година, а се тврди дека примал мито од болни од рак во износ од 50, 100 и 200 леи, односно 10, 20 и 40 евра, а покрај пари добил и храна и слатки.
Полицијата и обвинителството покренаа истрага откако неколку пациенти се пожалија дека им барал мито за да го добијат потребниот медицински третман, пишува „Romanian Journal“.