More

    Шест поранешни припадници на Армијата на Босна и Херцеговина се уапсени на подрачјето на Сараево и Горажде

    spot_img

    Шест поранешни припадници на Армијата на Босна и Херцеговина денеска се уапсени на подрачјето на Сараево и Горажде под сомнение дека извршиле воени злосторства врз цивилното население, потврди Обвинителството на БиХ.

    Осомничените се членови на Вишеградската бригада на Армијата на БиХ, што дејствуваше во источниот дел на БиХ. Тие се осомничени за учество во злосторствата извршени во селото Јошаница кај Фоча. Во декември 1992 година, таму беа убиени 56 цивили од српска националност, меѓу кои и жени и деца.

    Во текот на истрагата беа собрани докази дека шестмината уапсени учествувале во нападот на селото, уништувањето имот и убивањето на цивили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img