More

    Шест американски оклопни возила ќе пристигнат во јуни оваа година

    spot_img

    Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска информираше дека најмногу средства во одбраната се насочени кон купување нова софистицирана опрема, а испораката на првите, како што е најавено, шест американски оклопни возила ќе почне некаде во јуни оваа година.

    Таа најави дека медиумите ќе бидат поканети да присуствуваат на нивното примопредавање.
    Инаку, најголемиот дел, повеќе од 30 проценти се вложува во модернизација.

    – Минатата недела го донесовме и планот за набавки од областа на одбраната и безбедноста, но преку договори Влада со Влада. Таму има опфатени осум проекти кои се однесуваат и на зголемување на капацитетите, на одбранбени капацитети на лесниот пешадиски баталјон. Меѓутоа набавки и во областа на артилерија и други набавки кои се потребни за армијата. Сите тие набавки се прават согласно долгорочниот и среднорочниот план за развој на армијата – нагласи министерката Петровска, која денеска беше на армискиот полигон Криволак каде се реализираше Денот за високи гости на вежбата БЛЕСОК 22.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img