Добитник на Нобеловата награда за медицина оваа година е Сванте Пабо, шведски генетичар, за откритија во областа на изумрените хоминински геноми и човечката еволуција.
Со денешното објавување на имињата на добитниците на Нобеловата награда за медицина, започна сезоната на Нобеловите награди кои се доделуваат во областа на медицината, хемијата, физиката, економијата, литературата и мирот.
Нобеловите награди постојат благодарение на шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел, кој сакаше секоја година да се издвојуваат пари од неговиот фонд за да придонесе за човештвото.
Алфред Нобел (1833-1896) ги одреди институциите кои ќе ги доделуваат наградите секоја година, вклучувајќи ги Шведската академија на книжевноста, Институтот за медицина Каролинска, Кралската Шведска академија за физика и хемија и Комитетот за мир специјално избран од норвешкиот парламент. .
Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек од околу девет милиони круни (околу еден милион евра). Паричниот износ на наградата се дели доколку во една дисциплина има повеќе лауреати.