More

    Шаќири ги повикува вработените во МОН добро да менаџираат со средствата

    spot_img

    Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува сите вклучени во образовниот процес да бидат подготвени и одговорни во менаџирањето на средствата во услови на енергетска криза и рече дека МОН секој ден е во комуникација со општините, локалните институции и училиштата за справување со кризната состојба.

    – Тие што не беа, ќе влезат на регулираниот пазар на струја, а придонесот ќе биде во тоа што ќе имаме намалени бројки. Некои од општините сами од нивните буџети имаат подготвено дел од средствата за пренамена. Затоа велам дека сите вклучени во овој процес ќе треба да сме повеќе подготвени и повеќе одговорни во процесот на менаџирање – рече Шаќири пред отворањето на конференцијата за образование на лицата со попреченост.

    Одговарајќи на новинарски прашања за документот што до сите органи во нејзин состав го испратила Владата во насока на штедење и дека за училиштата се препорачува усогласување на паралелките т.е. бројот на ученици со наставниот и административен кадар, Шаќири рече дека се работи за проект за оптимизација на училиштата низ државата, кој МОН го спроведува со УНИЦЕФ, и дека тоа е процес што не може да реализира во наредните месеци, туку за неколку години.

    Тој посочи дека оптимизацијата подразбира добро користење на ресурсите, изнаоѓање можност  во училишта каде што нема деца да се соработува со МТСП за отворање претшколски установи.

    – Знаеме дека во одредени училишта има помалку деца. Со УНИЦЕФ почнавме процес на оптимизација на основните училишта, но тоа не може да се реализира веднаш. Во пилот-проект сега се десет општини од каде што ќе се дадат насоки за тоа како, што и во  која насока да спроведуваме оптимизација. Но овој процес не може да се реализира за неколку месеци, туку во подолг период – рече Шаќири.

    Нема да бидат ускратени учениците и студентите за стипендии кои МОН ги доделува во различни категории, уверува Шаќири, откако беше прашан дека во владиниот документ се препорачуваат построги критериуми при доделувањето стипендии.

    – Повиците за стипендиите ги продолжуваме и секогаш сите се добредојдени. Како што ќе одат повиците, секогаш ќе се поддржуваат најдобрите и не значи дека  за најдобрите ќе се намали бројот на стипендии. Она што Владата го кажува е дека ќе треба добро да се анализираат податоците кои се земаат од приходите на родителите – рече министерот, посочувајќи дека се работи за различни категории стипендии.

    На прашање дека во тој документ се спомнува и јавно приватно партнерство за менаџирање на студентските домови, Шаќири одговори дека тоа не се однесува на оваа година, туку се прави  анализа за потребите на сите домови – ученички и студентски.

    – Сме имале состанок за добро менаџирање на државните и на општинските ученички и студентски домови. Ова е добар процес на добро ефикасно менаџирање во наредниот период и како може да се инвестира, но не значи дека веднаш ќе се оди во таа насока. Треба да се направи анализа, да се види потребата – додаде Шаќири.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img