More

    Чешкото претседателство со ЕУ информираше дека министрите на ЕУ се усогласиле за укинување на визната либерализација за руските граѓани

    spot_img

    Чешкото претседателство со ЕУ информираше дека министрите на ЕУ се усогласиле за укинување на визната либерализација за руските граѓани, јави дописничката на МИА од Брисел.

    „Европската Унија се согласи за целосна суспензија на договорот за визно олеснување со Русија“, соопшти Жозеп Борел пред малку на прес конференцијата по неформалниот Гимних во Прага, напиша чешкото претседателство на Твитер.

    Министрите за надворешни работи денеска одржуваат неформален министерски совет во Прага, на дневен ред беше најавено дека ќе се дискутира за целосно укинувањето на слободното патување на руските граѓани во ЕУ.

    Ова го бараа пред сѐ источните и балтичките земји, додека Германија и Франција се спротивставуваа.

    Пред малку 27-те земји постигнале согласност сепак да се укине визната либерализација за руските граѓани во ЕУ.

    Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба претходно денеска ја повика Европската унија да го забрани влезот на руските граѓани, опишувајќи ја таквата мерка како соодветна, бидејќи, како што нагласи, „мнозинството Руси поддржуваат „геноцидна војна за агресија против Украина“. 

    – Времето за полумерки заврши. Само цврста и конзистентна политика може да даде резултати – изјави Кулеба за Ројтерс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img