Четири нешта како четири проблеми висат за решавање на Западен Балкан, а се поврзани со Србија. Тоа е прашањето за Косово, влијанието на Русија, влијанието на Кина и проблемот со БиХ и Република Српска. Според напис објавен на страницата на Европскиот совет за надворешни работи, малку од тоа е разрешено.
Написот на Мајда Руге насловен „Како да убиеш четири муви со еден камен“(во оригиналот е четири пци) вели дека Белград е централен фактор во решавање на главните прашања на Западен Балкан. Но, политиката на Александар Вучиќ може да биде пречка.
Србија досега одбиваше да се приклучи кон санкциите за Русија и, статијата вели, „нема знади дека тоа ќе се промени“. Во однос на Кина, написот заклучува дкеа влијанието всушност пораснало поради инфраструктурни проекти.
Во однос на Босна и Херцеговина, се вели дека Вучиќ не е пропонент на цепењето, односно сецесионизмот на Република Српска, но дека тој е чест домаќин на Милорад Додик. Написот потсетува и дека Додик присуствува и на воените вежби на војската на Србија, за кои се вели дека „ја покажуваат способноста на Србија да ги заштити својата земја и народ“.
Во написот не се гледа оптимистички ниту на германско-францускиот предлог за Косово, иако Вучиќ даде сигнали дека може да го поддржи. Се наведува дека претседателот ја креира својата политика према јавното мнение во земјата кое е во големо мнозинство против предлогот. Исто така, се наведува дека 80 отсто од граѓаните се против воведување на санкции кон Москва.
„Србија нема да го смени надворешнополитичкиот курс додека нема последици од Западот“, се заклучува во текстот.
Плусинфо веќе пишуваше дека германската фондација „Фридрих Еберт“ објави нацрт-план во 18 точки за можното создавање на Заедниците на српските општини и како тоа би изгледало согласно Уставот на Република Косово, а и Вучиќ и Курти излегоа со свои ставови во врска со документот.