More

    Четвртата епизода од серијалот ги открива драмите на кралското семејство

    spot_img

    Принцот Хари во новиот документарец кој го снимаа и режираа заедно со сопругата Меган открива дека одлуката да си одат од Велика Британија и да дојдат во САД била негова. Тој опишува и колку било страшно да се види неговиот брат Вилијам како „вреска и вика“, откако разговарале за неговата иднина со Меган. Војвотката пак, во четвртата епизода на серијалот, раскажува како сакала да си го одземе животот, пишува Би-Би-Си.

    Серијата на Нетфликс стана хит. Хари меѓу другото таму признава дека татко му Чарлс рекол нешта кои „едноставно не бил вистинити“, а во присуство на баба му, кралицата. Хари чувствувал срам бидејќи требало да се врати на улогата на принц, наместо на сопруг.

    Хари вели дека претпочитал да биде со половина нога внатре, а со половина надвор од кралското семејство, за тој и Меган да си ја вршат својата работа, но и да ја поддржуваат кралицата, но набрзо било јасно дека тоа не е можност.

    – Многу брзо стана јасно дека таа цел не е предмет на дискусија – рече тој.

    Хари, исто така, рече дека по средбата била објавена заедничка изјава без негова дозвола во негово и на неговиот брат, во која лажно била негирана приказната дека Вилијам го малтретирал од кралското семејство.

    Тој го опиша потегот како „лага за заштита на мојот брат“, додавајќи:

    Немаше друга опција во овој момент. (Ѝ) реков (на Меган): „треба да излеземе одовде“.

    Хари вели дека Меган не побарала да замине велејќи дека тоа во најдобар случај би било „поттикнување мизогинија“.

    Во последните епизоди, Меган зборува за тоа како размислувала да си го одземе животот пред да се повлече од кралското семејство.

    Мислев дека, ете, сето ова ќе престане ако не сум на овој свет – рече таа.

    Мајката на Меган, Дорија Рагланд, рече дека слушањето на мислите на нејзината ќерка „ми го скрши срцето“.

    Откако неговата сопруга му се доверила за нејзините лични битки, принцот Хари рече дека бил уништен. Но, тој рече дека бил „обучен“ да се грижи повеќе за тоа што ќе мислат луѓето и поради тоа „се мразел себеси“.

    Она што ѝ требаше беше многу повеќе отколку што можев да дадам – додаде тој.

    За време на нејзините борби, Меган изјавила дека сака да побара помош, но дека „не ѝ било дозволено“.

    Без да биде конкретна за тоа кои се „тие“, таа рече:

    – Тие беа загрижени како тоа сега таа ќе бара (помош од) институција.

    Принцот додаде:

    – Тие знаеја колку е лошо. Си велеа, „зошто таа едноставно не можеше да се справи со тоа? Сите други се справија со тоа, зошто таа не може да се справи?“ Но, ова беше поинаку. Беше навистина поинаку.

    Расплаканата мајка на Меган, г-ѓа Рагланд, исто така, го сподели својот извештај за тоа време во епизодата, додавајќи дека зборовите на нејзината ќерка „не биле лесни за една мајка да ги слушне“.

    Во врска со упадот на печатот во животот на нејзината ќерка, таа рече:

    – Знаев дека тоа е лошо, со самото тоа постојано да ја демнат овие мршојадци, да ѝ го одземаат животниот дух, а таа всушност да дошла до тоа да помисли дека не сака веќе да биде на овој свет.

    Последните три епизоди од серијата од шест дела, насловена како Хари и Меган, беа објавени во четвртокот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img