Обилните врнежи во текот на ноќта предизвикаа бројни проблеми на улиците низ Црна Гора, а поројниот дожд и поплавените улици не ја заобиколија ниту Подгорица, објави порталот РТЦГ.
На социјалните мрежи се објавени фотографии и видеа од градовите на југот и северот на земјава, каде врне силен дожд, а сообраќајот се одвива отежнато.Најавениот циклон „Фобос“ во саботата вечерта го погоди Херцег Нови, а бурните ветрови, обилните врнежи и грмежи предизвикаа поплави, сеча на дрвја и прекин на електричната енергија.
Како што јави RTHN, во текот на ноќта наврнале 124 литри дожд на метар квадратен, а бурата достигнала брзина и до 90 километри на час.