More

    Цените на мало скокнале за повеќе од 12 отсто

    spot_img

    Трошоците на животот во мај годинава во однос на претходниот месец се зголемени за 2, а цените на мало за 1,5 отсто. Во однос, пак, на мај лани трошоците на живот се поголеми за 11.9, а цените на мало за 12,1 отсто.

    Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 6,7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 6,2 %, млекото за 5,4 %, лебот и житата за 3,7 %, кафето, чајот, какаото за 3,1 %, сирењето и урдата за 2,9 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2,7 %, свежото и разладеното овошје за 2,6 %, месото за 2,5 %, рибата и морските плодови за 2,3 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1,6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1,1 %, пивото за 1 %, жестоките пијалаци за 0,5 % и виното за 0,3 %.
    Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 19 %, услугите за сместување за 7,5 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7,4 %, накитот, часовниците и рачните часовници за 7 %, течните горива за домаќинствата за 5м8 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 5,7 отсто, туристичките аранжмани за 4,3 %, обувките за 3,3 %, поправките и изнајмувањето на обувките за 2,6 %, производите за домаќинствата – нетрајни за 2,5 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 2,2 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, гасот за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување за 1,7 %. Забележан е пораст и мебелот и покуќнината за 1,6 %, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 1,5 %, велосипедите за 1,2 %, другата облека и додатоците за облека, моторните возила за 1,1 %, текстилот за домаќинствата за 1%, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0,9 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,8 %, терапевтските помагала и опрема, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,7 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, фармацевтските производи, медицинските услуги, медиумите за снимање, игрите , играчките и хобијата, услугите за рекреација и спорт, другите печатени материјали, рестораните, кафулињата и слично за 0,6 %, малите алатки и останатите додатоци за 0,5 %, ткаенините за изработка на облека, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, домашните миленици и сродните производи за 0,4 %, облеката, услугите за одржување и поправките на живеалиштето, стоматолошките услуги, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,3 %, малите електрични апарати за домаќинствата, големите алатки и опремата, услугите за култура, другите лични предмети за 0,2 %.

    Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, има кај воздухопловниот патнички транспорт за 10,5 %, градините, растенијата и цвеќињата за 2,4 отсто и електричните апарати за лична хигиена за 1,2 %.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img