More

    Цената на нафтата скокна над 100 долари за првпат по повеќе од седум години

    spot_img

    Цената на нафтата скокна над 100 долари за првпат по повеќе од седум години, откако рускиот претседател Владимир Путин најави „воена операција“ во источна Украина, јави Би-Би-Си.

    Информациите за ескалацијата, исто така, предизвикаа азиските берзи да тргуваат пониско за 2 до 3 проценти. Пазарите трпат удари во последните неколку дена додека ескалираа тензиите – цените достигнаа 98 долари пред неколку дена кога Путин го раскина мировниот договор и распореди војници во два источни региони под контрола на бунтовниците.

    Цените на златото се на највисоко ниво за повеќе од една година, додека американскиот долар и јапонскиот јен исто така зајакнуваат.

    Руската рубља денеска регистрира пад на вредноста од девет отсто по нападите врз Украина. Централната банка на Русија соопшти дека ќе изврши интервенција. Московската берза вчера соопшти дека го „прекинува“ тргувањето денеска, неколку часа откако претседателот Владимир Путин го објави почетокот на специјалната воена операција во Украина.

    Азиските берзи остро паднаа денеска, додека цените на нафтата, златото и доларот нагло пораснаа. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, беше утрово во минус за повеќе од 3 отсто.

    На токиската берза индексот Никеи потона за повеќе од 2 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Австралија и Хонг Конг паднаа меѓу 1 и 3,3 отсто.

    – Пазарите сега сфаќаат дека Русија ќе прави што сака, со оглед на слабите санкции, а сега во цената е вклучена и инвазијата на Украина. Инвеститорите стравуваат дека Европа ќе биде отсечена од рускиот гас, дека ЕУ не може да се справи со таков шок во понудата и дека ќе мора да ја ограничи побарувачката, што би било економски исцрпувачко. Повисоките цени на енергијата би можеле да го загрозат растот на глобалната економија, што е лошо за поризични инвестиции – вели Реј Атрил, стратег во Националната австралиска банка.

    Цената на барелот на лондонскиот пазар скокна за 3,5 отсто, па за првпат од септември 2014 година се проби над психолошки важното ниво од 100 долари.

    На американскиот пазар, пак, барелот поскапе за 4,5 отсто на 96,20 долари.

    Како што се продлабочува една од најголемите кризи во Европа по Студената војна, американските фјучерси индекси утринава остро паднаа, повеќе од 2 отсто, најавувајќи пад на цените на акциите на Волстрит трет ден по ред.

    Во претходните два дена, индексот Dow Jones и S&P 500 потона за повеќе од 2 отсто, а индексот Nasdaq за повеќе од 3 отсто. Како резултат на тоа, индексот S&P 500 падна длабоко во областа за корекција, повеќе од 10 отсто под претходното рекордно ниво, додека индексот Nasdaq е во пад од околу 16 отсто од почетокот на годината.

    По значителниот пад во последните денови, индексот MSCI на светските берзи, кој ги следи случувањата на најголемите светски берзи, се лизна на најниското ниво од април минатата година.

    На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, а јапонскиот јен зајакна бидејќи инвеститорите бараат побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња.

    Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 96,70 поени, додека вчера беше 96,05 поени.

    Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 115,05 на 114,70 јени.

    Но американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото падна на 1,1225 долари, додека вчера во ова време беше 1,1330 долари.

    Бидејќи инвеститорите бегаат од поризични инвестиции, цената на унца злато утринава значително порасна, за 1,2 отсто, на 1.930 долари, што е највисоко ниво од јануари минатата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img