More

    Хрватскиот претседател вели дека Брисел со години нѐ малтретира

    spot_img

    Во ред е да се бара членство на Украина во ЕУ, но мора да се донесе и одлука за отворање на преговорите со Северна Македонија и со Албанија, а Босна и Херцеговина и Косово да добијат кандидатски статус, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

    – Бев повикан да потпишам заедничка изјава со претседателите од Источна Европа, на Украина итно да ѝ се даде статус кандидат за членство во ЕУ. Во ред, состојбата е вонредна и бев подготвен да потпишам, но под услов таков статус да им се даде и на БиХ и на Косово, кое некои членки сѐ уште го немаат признаено. Барав, исто така, да се донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и со Северна Македонија кои Брисел ги малтретира со години. Тоа за нас е еднакво важно како и Украина – изјави Милановиќ.

    Во врска со Србија и со БиХ, хрватскиот претседател смета дека нивното место е на Запад, и затоа нивните власти мора да решат дали ќе припаѓаат во ЕУ или Русија. Заканите за можна безбедносна дестабилизација на регионот, според него, не се добри и во моментов не се реални.

    – Белград треба да реши каде припаѓа, дали во ЕУ или со Русија од сентиментални причини кои можам да ги разберам, но тоа не е практично. Не е време да се изживуваме врз Србија, туку да им кажеме дека сега е време да се одлучат, сега гори. Не мора да ги осудувате Русите. Тешко е, но разбирам. Ајде да видиме дали припаѓате на Запад или на Исток, сега е време за некои далекусежни пораки. Во овој момент не е продуктивно да се плашат луѓето сo некакви нови судири на Косово и во БиХ. Република Српска не може да се извлече од БиХ, тоа е невозможно, нивното место е на Запад, местото на српскиот народ е на Запад, а не во Русија – вели Милановиќ.

    За БиХ тој оцени дека „Западот со години ја малтретира, земјата стои, не ѝ се помага туку постојано ѝ се одмага со неорганизирана и килава европска бирократија, со европски дипломати надвор од регионот кои не разбираат што се случува таму“.

    – БиХ мора да добие статус на кандидат за ЕУ. Тоа е надеж, како дрво преку река по кое можеш да ползиш без да паднеш. Тоа ѝ треба на БиХ која ја влечат за нос веќе 20 години – изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

    Според хрватскиот претседател, војната во Украина би можела да се избегне ако Европа имала посилна улога и поактивна улога.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img