Хрватска протера 18 руски дипломати и шест членови на административен и технички персонал, соопштија во понеделникот министерствата за надворешни и европски работи.
Во понеделникот Хрватска на рускиот амбасадор во Хрватска му врачи нота со која ја информира Русија за намалувањето на бројот на дипломатски и административно-технички персонал на руската амбасада во Загреб.
„Беше побарано 18 дипломати и шест членови на административно-техничкиот персонал (вкупно 24 вработени) на Амбасадата на Руската Федерација во Република Хрватска да ја напуштат Република Хрватска“, се вели во соопштението.
На тој начин Хрватска се приклучи на голем број европски земји – Полска, Германија, Франција, Италија, Шпанија и други.
Соседна Словенија протера 33 дипломати.
МНР денеска уште еднаш „остро“ ја осуди „бруталната агресија врз Украина и извршените бројни злосторства“. „Руската страна го повтори повикот за итен прекин на воените активности и повлекување на руските трупи од целата територија на Украина, како и итно обезбедување патишта за евакуација на населението и испорака на хуманитарна помош“, се вели во соопштението. .
Хрватска, исто така, побара и очекува Русија да ги изведе одговорните за злосторствата пред лицето на правдата.