Хрватската Влада на денешната седница донесе одлука да донира вакцини против ковид-19 во Македонија и државите на кои, според проценката на механизмот Ковакс, им е најпотребна.
Од вакцината на Фајзер, 87.750 дози се донација за Македонија, а 734.400 дози во државите според проценката на механизмот Ковакс.
Во одлуката не е наведено кому се донираат вакцините преку Ковакс, но според извештајот на Министерството за здравство испратен до хрватската Влада на 5 октомври, евидентно е дека се работи за донација на вакцината на Фајзер за Мексико. Хрватска досега донираше 2.467.820 дози вакцини
До крајот на годината, Хрватска ќе донира уште 45.000 дози вакцини на Модерна и 135.360 дози вакцини Фајзер во Тунис и 794.400 + 31.200 дози вакцини Џонсон и Џонсон во друга земја преку механизмот Ковакс.