Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил изјави дека САД ја поддржуваат Европската унија (ЕУ) во нејзините напори за постигнување решение во дијалогот меѓу Белград и Приштина, нагласувајќи дека проблемот трае предолго и мора да се реши.
„Тоа трае многу долго и време е за напредок“, им рече Хил на новинарите на Регионалниот форум за Европа и Евроазија – EducationUSA во Белград.
Амбасадорот на САД не сакаше да го коментира наводниот план за нова рамка за дијалог меѓу Косово и Србија, кој беше создаден по ангажманот на германските и француските пратеници, како што пренесуваат албанските медиуми, нагласувајќи дека САД целосно го поддржуваат ангажманот на ЕУ.
„Не е мое да ги коментирам предлозите освен да кажам дека тие сега се поддржани од ЕУ, која многу напорно се обидува да најде решение прифатливо за сите, а тоа не е лесно“, рече Хил.