Групацијата Хеленик петролеум, една од најголемите енергетски компании во Југоисточна Европа, чиј дел е и ОКТА АД – Скопје, се ребрендира во HELLENiQ ENERGY.
Ребрендирањето е дел од стратешкиот план Визија 2025 на Групацијата, со кој компанијата го пренасочува својот фокус кон силен одржлив развој, брз раст на обновливите извори и зелената енергија и проширување на нови пазари и нови производи.
Ребрендирањето беше објавено во Атина, а новиот корпоративен идентитет на компанијата беше претставен и во Скопје, на настан на кој главниот извршен директор на HELLENiQ ENERGY Андреас Сиамисис пред вработените на ОКТА говореше за новата визија и за стратегијата за трансформација на компанијата.