More

    Хари и Меган ќе мора да им се извинат на Вилијам и Кејт пред погребот на кралицата

    spot_img
     Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл треба да ги решат несогласувањата со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон кои настанаа по нивното интервју со американската телевизиска водителка Опра Винфри. Извори блиски до палатата велат дека контроверзното интервју со Опра Винфри „ја преминало границата и принцот и принцезата од Велс се вознемирени и лути“. Сега Меган и Хари наводно биле советувани да се извинат за интервјуто и да ги „признаат мотивите зад него“ пред погребот на кралицата, пишува Мирор. Всушност, војводата и војвотката од Сасекс зборуваа за напуштање на кралското семејство во интервју минатата година. Тие ги искажаа своите ставови за семејните проблеми, ја обвинија палатата за расизам. По интервјуто, кое на телевизија го гледаа повеќе од 17 милиони луѓе, Хари и Меган на одредено време се оддалечија од палатата и остатокот од кралското семејство. Четворицата веќе се појавија во јавноста заедно по смртта на кралицата, сите положија цвеќе, а беа видени во Вестминстерската опатија во средата. Смртта на нивната сакана баба ги натерала браќата да ги остават своите несогласувања на страна. Тоа беше првото заедничко појавување на принцовите со нивните сопруги по долго време. Иако Хари и Меган учествуваа на платинестиот јубилеј на кралицата ова лето, тие останаа настрана и не беа фотографирани со Вилијам и Кејт, пренесува tportal.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img