Приватните превозници во Скопје, ја блокираа крстосницата кај „Мавровка“, и направија хаос во главниот град.
Колони на возила може да забележат низ улиците на Скопје во правец кон центар, поради штрајкот на приватните превозници, откако не најдоа заеднички јазик со Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска за решавање на нивните проблеми.
МВР информираше дека утрово во 7 часот ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќај на булеварите Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков. Исто така порачаа граѓаните да ги почитуваат наредбите.
Од приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз” велат дека не е утврдено времетраењето на протестот бидејќи се планира да трае до исполнување на барањата.
Оттаму најавуваат дека ако брзо не се решат нивните барања во наредните денови блокадата ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје.
Во рамките на активностите за решавање на актуелниот проблем денеска „Слобода превоз” треба да оствари средба со УО на ЈСП, а исто така претставници на приватните превозници ќе присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје.