More

    Францускиот предлог е 3:1 за Македонија, затоа падна бугарската влада

    spot_img

    Исмејувањето на бугарската историја и меморија и одбивањето веднаш да се заштитат правата на Бугарите во Северна Македонија, а не некаде во далечна иднина, е една од причините поради која падна владата на Кирил Петков – пишува на својот профил на Фејсбук лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ Слави Трифонов, коментирајќи го интервјуто на министерот за надворешни работи Бујар Османи за ТВ Сител.
    Северномакедонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи за ТВ Сител го изјави следново: ‘Исходот од преговорите со Бугарија заврши со 3 спрема 1 за нас. Го зачувавме јазикот, ги започнавме преговорите за членство во ЕУ и ги оставивме историските прашања надвор од патоказот. Бугарија доби промена на Уставот некаде на средината на процесот – по почетокот на преговорите. Поради тоа сметам дека тоа беше добар компромис – цитира Трифонов.

    Потоа потсетува кој во бугарскиот парламент гласал за францускиот предлог.

    – За овој резултат – 3:1 за Северна Македонија во бугарскиот парламент гласаа Продолжуваме со промената, ГЕРБ, ДПС, Демократска Бугарија, а БСП беа воздржани. Има таков народ гласаше против – потсетува Слави Трифонов.

    Поради тоа, според Трифонов, паднала владата на Кирил Петков.

    Бугарија е во изборна кампања, а рејтингот на партијата на Трифонов, според анкетите, се движи околу цензусот од 4 отсто што е минимум влез во парламентот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img