Францускинот претседател Емануел Макрон испрати неформален документ до поголем број на адреси, со кој сака да ја објасни потребата од создавањето на т.н. Европска политичка заедница, која нема да биде замена замена за ЕУ, Советот на Европа или за Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), но ќе овозможи изградба на заедница на сите европски земји, без оглед на нивниот статус во ЕУ.
Идејата Макрон првпат ја претстави минатиот месец, а во меѓувреме многу сличен предлог дојде и од Шарл Мишел, претседсателот на Европскиот совет. За предлозите е најавено дека ќе се дискутира на следниот состанок на Европскиот совет на 23 и 2на 4 јуни во Брисел.
Франција веќе испратила нон-пејпер до земјите на ЕУ каде беше претставена идејата за создавање „европска политичка заедница“. Според хрватскиот весник „Јутарњи лист“, францускиот нон-пејпер предупредува на долгиот процес на зачленувањето во ЕУ, а тоа најмногу се однесува на Украина, па затоа предлага формирање Европска политичка заедница, како соломонско решение.
Оваа заедница би имала формат на „блага правна структура“ со овластувања за одлучување, но со почитување на автономијата на ЕУ во одлучувањето. Состаноците во една ваква заедница би биле редовни, неколку пати годишно, како на ниво на шефови на држави или влади, така и на ниво на министри.