More

    Французин го заврши тригодишниот пат околу светот со четириметарска едрилица

    spot_img

    Французинот Јан Квене зачекори на брегот на полуостровот Бретања на западот од Франција и со тоа го заврши тригодишното патување околу светот со едрилица „Балушон“, долга само четири метри, што тој сам ја изгради за 4.000 евра.

    Бротчето со симболично име „Кутивче“ доцна вчеравечер, во густа магла, вплови во пристаништето „Треберден“ на северот на Бретања. Одговарајќи на прашање за неговата авантура во малото пловило на кое работел 400 часа, а е без мотор, ниту комуникација со копното, Бретонот накусо рече оти го остварил својот сон.

    – Долго сонував за ова, а сега го остварив мојот сон. Малку сум тажен поради крајот на патувањето по светот, но среќен сум што се враќам кај семејството – изјави тој.

    Морнарот на возрасст од педесетина години, отплови пролетта 2019 година и мина преку Атлантикот, Тихиот Океан, кај Маркиските Острови, Тахити и Нова Каледонија… Требаше да застане и во Нов Зеланд и Австралија, но поради пандемијата ја смени патеката и се упати преку Индискиот Океан, кон францускиот остров Реунион, во близина на Мадагаскар, каде што пристигна по 77 дена пловење.

    Залихите со храна, особено водата – беа голем предизвик на долгиот пат. Со секое заминување, кабината беше преполна со канистри, па Квене, вели, имал едвај доволно простор за да се исправи“, ограничувајќи ја потрошувачката на вода на два литри дневно, рече тој.

    Последната станица е неговото „матично“ пристаниште „Сен Бреук“, каде што официјално, в сабота претпладне, завршува неговиот пат околу светот, на само неколку милји од „Треберден“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img