Американскиот производител на автомобили Форд го заврши своето повлекување од рускиот пазар со продажба на 49 отсто од акциите во заедничкото вложување Солерс Форд, јавува Радио Слободна Европа.
На 26 октомври Форд објави дека го финализирал договорот за продажба на својот удел во Солерс Форд по „номинална“ цена, чиј износ, сепак, не беше објавен.
Како што се наведува, американската компанија обезбедила опција за откуп на акциите во рок од пет години „доколку глобалната ситуација се промени во наредните години“, објави компанијата.
Заедничкото вложување со руската компанија Солерс е основано во 2011 година.
Форд ги прекина своите операции во Русија во март, наведувајќи ја длабоката загриженост поради руската инвазија на Украина. Во тоа време, Форд отпиша 122 милиони долари поврзани со суспензијата, нагласувајќи дека веќе значително го намалил своето присуство во Русија.
Голем број странски производители на автомобили ја прекинаа работата во Русија или целосно се повлече.
Претходно на 26 октомври, германскиот производител на луксузни автомобили Мерцедес-Бенц соопшти дека ќе излезе од Русија со продажба на акции во своите филијали за индустриски и финансиски услуги на локален инвеститор.