Германскиот производител на автомобили Фолксваген најави дека ќе го прекине производството на возила во Русија до понатамошно известување поради нападот на таа земја врз Украина.
Компанијата на Твитер соопшти дека извозот на нејзините возила во Русија веднаш ќе биде прекинат.
Фолксваген изјави дека „многу сериозно ја презема одговорноста за работниците во Русија погодени од овие мерки“ и додаде дека на сите ќе им исплати отштета за скратено работно време.