Меѓународната светска фудбалска федерација (ФИФА) размислува да се сретне со селекторите и да им дозволи да однесат повеќе од сегашните 23 играчи на Светското првенство.
Се смета дека секоја екипа наместо 23 носи по 26 фудбалери во Катар.
Одлуката се уште не е донесена, а првично беше планирано да биде донесена во петок кога ќе се одржи ждрепката. Сепак, ФИФА одлучи да не избрзува со таа одлука, барем додека не добие некаква реакција од селекторот.
УЕФА на овој потег се одлучи лани за ЕУРО 2020 година, кога бројот на играчи го зголеми на 26. Истото беше направено и на Копа Америка, дури тогаш секоја репрезентација имаше право на 28 играчи во протоколот.
Светското првенство ќе се одржи во Катар од 21 ноември до 18 декември годинава.