Финскиот претседател Саули Нинисто изјави дека двете страни во војната во Украина користат тешко оружје, додека Русија користи и термобарични бомби.– Испраќаме сè потешко оружје во Украина. Од друга страна, Русија исто така почна да користи многу моќно оружје, термобарични бомби кои всушност се оружје за масовно уништување – рече Нинисто.
Украина и земјите од НАТО претходно ја обвинија Русија дека користи високо деструктивни термобарични бомби, познати и како вакуум бомби. Амнести интернешнал информира дека Русија користела забранети касетни бомби во Харков.