More

    Финскиот премиер: Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна

    spot_img

    Финската премиерка Сана Марин изјави во Сиднеј дека Европа „не е доволно силна“ сама да се спротивстави на Москва. Премиерката на Финска, земја кандидат за членство во НАТО, при посетата на Австралија истакна дека руската инвазија на Украина ги открила слабостите и стратешките грешки на Европа во однос на Москва.

    „Морам да бидам многу искрен со вас, Европа во моментов не е доволно силна, би биле во неволја без Соединетите Американски Држави (САД)“, рече Марин во истражувачкиот центар во Сиднеј (институт Лови).

    Марин истакна дека на Украина мора да и се помогне „со сите средства“.

    САД одиграа централна улога во снабдувањето на Киев со оружје, финансиски ресурси и хуманитарна помош неопходни за да се запре напредувањето на Русија, рече Марин.

    „Европа веќе долго време гради стратегија кон Русија со цел да ги зајакне економските врски, со купување енергија од Русија… мислевме дека ќе спречи војна, но се покажа дека тој пристап е сосема погрешен“, рече Премиерот на Финска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img