More

    Финска и Шведска во НАТО е грешка

    spot_img

    Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков оцени дека влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе биде уште една грешка со далекусежни последици.

    Безбедноста во Шведска и во Финска нема да биде зајакната по влезот во НАТО, ја пренесува весникот „Известија“ изјавата на Рјабков.

    Тој додава дека доколку двете држави станат дел од НАТО, од ситуацијата ќе зависи како Русија ќе ја осигура својата безбедност.

    Според Рјабков, влезот на Шведска и на Финска во НАТО ќе доведе до радикална промена на ситуацијата во светот и никој не треба да има илузии дека Русија толку едноставно ќе го прифати тоа.

    Премиерката на Шведска, Магдалена Андерсон, пак, денеска ќе побара широка поддршка на Парламентот за поднесување барање за членство во НАТО, откако нејзината партија објави дека поддржува влез во Алијансата.

    Владеачките социјалдемократи во текот на вчерашниот ден информираа дека поддржуваат влез на земјата во НАТО, прекинувајќи го децениското противење на овој потег, по руската инвазија на Украина. Во Парламентот се создаде големо мнозинство во корист на членството.

    – Ќе се уверам дека постои широка парламентарна поддршка во Риксдагот за шведското барање за членство, а потоа ќе бидеме подготвени да донесеме владина одлука – изјави Андерсон на прес-конференција.

    Таа нагласи дека заедничката кандидатура со Финска е најдобра за Шведска и за нејзината безбедност.

    Финска вчера соопшти дека ќе поднесе барање за членство во Алијансата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img