More

    Финалето Аргентина-Франција почнува во невообичаен термин

    spot_img

    Аргентина и Франција в недела ќе играат во финалето на Светското првенство во Катар. Натпреварот ќе се игра во несекојдневен термин, од 16:00 часот по средноевропско време, односно од 14:00 часот по Катарско време. Термин кој дефинитивно не го очекуваа многумина, особено ако се земат предвид високите температури во Доха и интензивните горештини.

    Така, веднаш по ручекот, навивачите во Македонија ќе имаат можност да го проследат мечот за трофејот. Од една страна Лионел Меси, од друга Килијан Мбапе. „Гаучосите“ со трофејот ќе се обидат да ја испратат легендата во заслужена меѓународна пензија, додека „триколорите“ ќе дадат сè за да го одбранат трофејот освоен пред четири години во Русија.

    Аргентинците до финалето стигнаа со победата против Хрватска (3:0), додека Французите беа подобри од Мароко (2:0), ден претходно Хрватите во истиот временски рок ќе играат со Мароканците. Светскиот фудбалски шампион ќе го добиеме во недела навечер, за кога е закажано и свеченото затворање на првенството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img