More

    Фиби Гејтс, најмладата ќерка на мултимилијардерот Бил Гејтс, беше мета на потсмев и расистички коментари откако објави фотографија со Афроамериканец

    spot_img

    Фиби Гејтс, најмладата ќерка на мултимилијардерот Бил Гејтс, беше мета на потсмев и расистички коментари откако објави фотографија со Афроамериканец за кој се верува дека е нејзиното ново момче.

    Фиби на својот Инстаграм сподели фотографија на која непознат маж ја бакнува во образ, без да го открие неговото име или да го означи во објавата. Набрзо следеа бројни исмејувачки и навредливи коментари, па затоа 19-годишната Фиби на крајот ја отстрани фотографијата од оваа социјална мрежа. Сепак, најупорните продолжија да ја споделуваат.

     

    Меѓу коментарите, корисниците најмногу ја истакнувале нивната „меѓурасна врска“ како и нејзиното наследство бидејќи Бил е еден од најбогатите луѓе во светот. Иако имаше и такви кои истакнаа дека „љубовта не познава граници“, некои имаа расистички коментари за тоа како момчето сега е „безбедно“ и дека „добило на лотарија“.

    „Тој си го осигура паричникот“, е еден од коментарите. „Ова е џекпот! Немој тоа да го зафркнеш, брат“, му порачал друг корисник. Едно лице објави видео од маж со темна кожа како мафта со пиштол додека вози автомобил, со натпис: „Фиби и нејзиното момче доаѓаат кај Бил Гејтс на Денот на благодарноста“.

    Некои корисници тврдеа дека ова е „победа на црнечката заедница“ и дека „на овој или оној начин конечно ќе добијат компензација“, а некои покажаа дека нивните расистички забелешки се доста сериозни.

    „Драга Фиби. Не се забавувај со црнец само затоа што е модерно или има некои други предности, туку подобро излезете на улица и поддржете нѐ кога ќе протестираме. Ако забремениш и твоите деца ќе бидат црнци и така ќе гледа општеството нив“, и рекла една корисничка.

    Фиби, која оваа есен треба да ја започне втората година од студиите на Универзитетот Стенфорд, е едно од трите деца на Бил и Мелинда Гејтс, кои објавија дека се разведуваат во мај оваа година. Заедно поминаа 27 години, а на јавноста ѝ соопштија дека „повеќе не веруваат дека можат да растат заедно“. Покрај Фиби, тие ја имаат и 26-годишната ќерка Џенифер и 23-годишниот син Рори.

    ФОТО: Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img