More

    Фатен моментот на гранатирањето на две повеќекатници

    spot_img

    Не стивнуваат нападите врз главниот град на Украина. Станбена зграда од 12 ката во близина на центарот на Киев беше погодена од руско гранатирање рано утринава, предизвикувајќи пожар на неколку ката. Зградата во областа Шевченковски се наоѓа на само неколку километри од центарот Киев. Според првичните информации две лица се повредени, а 37 се евакуирани од зградата.

     

     

    Во нападот е оштетена и соседната деветкатница. Најмалку седум лица загинаа во нападите што се случија во изминатите два дена, а кои главно беа насочени кон цивилни населби, јавуваат украинските медиуми. Би-би-си наведува дека на социјалните мрежи имало непотврдени извештаи за експлозии во градовите Одеса и Запорожје на југот на Украина, пишува Мондо.

    Во текот на ноќта украинската армија презеде офанзивни операции надвор од Киев, уништувајќи значителен број непријателска воена опрема и сила, изјави советникот на украинскиот претседател за внатрешни работи, Вадим Денисенко.

    Да потсетиме, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, воведе полициски час во траење од 35 часа, додека руските војници го стегаат обрачот околу градот. Повеќе од половина од населението  на Киев, односно околу три милиони луѓе побегнале од градот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img