Спотот кој ја прослави и ѝ донесе слава преку ноќ, во 2004 година привлече големо внимание.
И додека некои тврдеа дека тоа е најпровокативното видео на сите времиња, познатото списание NME го прогласи за петти најлош на сите времиња.
Но, како и да е, за фаталната русокоса, песната „Call On Me“ и појавувањето во овој спот донеле само убави работи.
Нејзината задача во спотот била да ја толкува улогата на фатална инструкторка по аеробик, а судејќи по реакциите, таа улога одлично ја одработила.
Австралијката Диен Бери потоа се појавила на многу насловни страници од магазини, а не постоел маж којшто не бил заљубен во неа.
Сепак, како што ја стекнала славата преку ноќ, така и ја изгубила – па така заминала во заборав.
Таа денес има 41 година, а сè уште може да се пофали со својот совршен изглед.
Инструкторка по аеробик е, во брак е и има две деца, а еве како изгледа:
ФОТО: Инстаграм