Беше жестоко нокаутиран на мечот со Џејмс Мокогинт минатата недела, во седмата рунда од мечот, а потоа почна неговата борба за живот.Тито по ударот уште неколку секунди бил на нозе, но после тоа паднал во кома од која за жал никогаш не се разбудил.Залудни биле напорите на лекарот, бидејќи повредите на мозокот биле претешки, па тој вчера дефинитивно ја загубил битката за животот.
На социјалните мрежи може да се најдат бројни пораки како „Збогум шампиони“ и покрај тоа што не беше претерано популарен во светот на боксот. Во текот на кариерата боксуваше на 47 меча, каде забележа 29 победи.
Ова, за жал, не е прва трагедија во светот на боксот. Повредите на борците стануваат се почести и се добива впечаток дека најголемиот проблем е што се дозволуваат неподготвени боксери да влезат во рингот.