More

    Уште 12 дена до неверојатната фотографија која ќе ни открие многу тајни

    spot_img

    Уште 12 дена до неверојатната фотографија која ќе ни открие многу тајни. Тоа ќе биде најстарата слика од нашиот универзум, истовремено продирајќи најдлабоко во неговото ткиво. Сликата ќе ја направи вселенскиот телескоп Џејмс Веб(ЏВСТ), кој има седум златни огледала во кои научниците ја полагаат својата надеж, пишува ИФЛ Наука.

    Администраторот на НАСА, Бил Нелсон, зборувајќи пред медиумите прилично долго зборуваше за тоа на кои објекти од раниот универзум е фокусиран телескопот. Се работи за спектрална слика на една езопланета. Значи планета многу, многу далеку од нас во друг сончев систем, откри Томас Зурбухен, соработник на Нелсон.

    Спектроскопијата е алатка за анализа на хемискиот и молекуларниот состав на далечните објекти како егзопланетите. Ја мери количината на светлина што се емитува на одредени бранови должини, навестувајќи ни како се формирале тие објекти.

    Но, оваа фотка е само почетокот. Се очекува Џејмс Веб да ни даде одговори за самиот Биг Бенг, првичната експлозија со која почнал нашиот универзум. Дали тогаш постоела водата, како што сугерираат најновите истражувања? Како точно се одвивало формирањето на првите атоми и ѕвезди? Или пред нив, кога постоеле само четири сили во природата? Или пред тоа, во моментот на експлозијата кога сите сили, но и сето време било збиено во една бескрајно мала точка?

    Главната работа на телескопот е да ѕирне во длабочините на космосот, гледајќи наназад во времето за да фрли светлина на раѓањето на првите галаксии. Исто така, научниците се надеваат дека ЏВСТ отсега ќе се користи да се идентификуваат далечните егзопланети, проучувајќи ја нивната атмосфера за да утврди дали тие потенцијално би можеле да имаат живот.

    Со други зборови, тој ќе може да зумира на овие планети и реално да види дали имаат сина боја или нешто што личи на вода на нивната површина.

    Научниците пет години работат на тоа да одлучат што ќе бидат првите слики на телескопот. Во 2017 година беше одлучено тие да бидат слики од формирање на ѕвезди, од Јупитер и неговите месечини, од егзопланетите, но и од црните-дупки квазари, односно зумирана слика од супер-загреаниот дел кој се формира околу дупката.

    Но, точниот број на слики кои ќе ѝ бидат откриени на јавноста уште не беше споделен.

    Сликите треба да бидат откриени на 12 јули во 10:30 часот по средноевропско време и сето тоа можете да го гледате во живо преку преносот во живо подолу или преку различни платформи за социјални медиуми на НАСА на Facebook , Twitter , YouTube…

    За овие слики чекавме 14 години. Толку време научниците го одложуваа лансирањето на Џејмс Веб, плашејќи се да не згрешат нешто во координатите или пак да не се скршат златните огледала при лансирањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img